ФОТО| Тетовци со протестен марш и едноминутен молк им оддадоа почит на починатите во пожарот во ковид-центарот

Како што беше претходно најавено, денеска во Тетово со почеток од 13:30 часот се оддржа протестен марш во чест на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Организатори на овој протестен марш беа навивачката група „Балисти“.

Маршот беше мирен, започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и заврши пред болницата во Тетово. Река од народ излегоа и се придружија на овој протестен марш оддавајќи им почит на трагичнно изгубените животи.

Кога пристигнаа пред изгорената модуларна болница, водичот и некои останати присутни ги замолија полициските службеници кои стоеја пред болницата да ги пуштат преку лентата за да го остават венецот. Полицијата наиде на разбирање и венецот беше однесен пред болницата.

Потоа сите клекнаа и со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите.

Организаторот Тедаде многу кратка изјава заблагодарувајќи се на сите за денешната поддршка „ Ви се заблагодаруваме на сите што дојдовте ние не сме за протести и такви работи, ова беше марш за починатит“е.