(ФОТО) Тетово повторно во магла од загаденоста

Жителите на Тетово и во петокот се задушуваат во загадениот воздух, како што може да се забележи од фотографиите раширени преку социјалните мрежи и медиумите, градот под Шар Планина е обвиен од маглина предизвикана од загадувањето на воздухот.

Нивото на ПМ10 честичките во текот на изминатата вечер и во петокот утутрото во Тетово изнесувала високи 165 милиграми на метар кубен.

Ситуацијата е слична и во Скопје и Битола. И додека граѓаните се гушат во канцерогениот воздух, актуелната власт која 10 години ја обвинуваше претходната власт околу воздухот со цел да придобие политички поени, сега истите тие се кријат од одговорност и никаде ги нема.

Илјадници луѓе секојдневно се трујат поради неспособноста на властите да се справат со проблемот со загадениот воздух. Човечки животи се губат поради неспособноста на властите да се справат со загадениот воздух. ПМ 10 честитичките се најсериозниот убиец на здравјето на граѓаните.