(ФОТО) Тинејџерка стана првиот модел на „Гучи“ со Даунов синдром

Откако нејзините фотографии овој месец се појавија во „Vogue Italia“, Ели позираше и за „Gucci“, па така таа стана нивниот прв модел со Даунов синдром. Фотографиите ги објавија на официјалниот профил на Инстаграм и ги воодушевија луѓето.

Ели Голдстајн (18) на Инстаграм профилот на „Gucci“ доби повеќе од 800.000 лајкови, а таа бројка расте секоја секунда.

instagram

„Gucci“ ја ангажираше Ели во кампањата за маскара, а зад неа стои агенцијата „Zebedee Management“, која ги претставува моделите со инвалидитет. Ели со нив потпишала договор пред три години и оттогаш не престануваат да и пристигнуваат ангажмани.

instagram

– Неверојатно сме горди на Ели и ни се допаднаа сите прекрасни коментари кои луѓето ги напишаа на Инстаграм. Таа секогаш сакаше да биде во центарот на вниманието и пред камрата, така што е прилично самоуверена и со задоволство ги слуша упатствата и правилата, изјави нејзината мајка Ивон.

instagram

Ели во моментов посетува курс по уметност на колеџот Редбриџ, а за кампањата на „Gucci“ таа во Лондон помина еден ден.

– Навистина уживав да бидам модел и ми се допадна да го носам фустанот на „Gucci“. Горда сум на фотографиите и би сакала да станам славна. Се радувам и на соработката со другите брендови, додаде Ели.

instagram

Ели станала модел кога нејзината пријателка го видела огласот на агенцијата „Zebedee Management“ и ја охрабрила да им се јави. Од 2017 година таа редовно соработува со оваа агенција. Учествувала во бројни промотивни кампањи, вклучувајќи ја и кампањата „Superdrug Christmas“ од 2018 која се прикажуваше на сите телевизии во ударен термин.

Таа соработуваше и со компанијата „Nike“ за кампањата „Women’s World Cup“.