Во околината на Кикинда вчера во текот на невремето била снимена пијавица.Снимките од вртлогот кај Кикинда на Блиц ги испратил нивен читател. Истите биле направени вчера околу пладне, а целата појава траела 15 мин.Штета не била причинета, бидејќи било надвор од градор во атарот.
Пијавицата е атмосферски вртлог од помали размери и кратко траење кој при нестабилна атмосфера се појавува под олујен облак кумулонимбус.
Многумина сметаат дека водената пијавица е всушност мало торнадо над вода и дека таквата пијавица која од вода ќе поиме на копно, се смета за торнадо.
Вчера, Србија ја погоди силно невреме па по улиците на Ниш течеа реки.