ФОТО| Три жртви во пожар на ирански танкер крај Сирија, се тврди дека е израелски напад со дрон

Три лица загинале во напад веројатно со беспилотно врз ирански танкер близу сириската рафинерија Банија, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, истакнувајќи дека станува збор за прв напад од ваков вид од почетокот на војната во Сирија пред една деценија.

Меѓутоа, коригирајќи го претходниот извештај, сириската армија соопшти дека станува збор за пожар кој избувнал на танкерот крај сирискиот брег и оти не бил предизвика од воен напад, туку дека избувнал поради невнимателност и непридржување до сигурносните мерки, пренесе сириската новинска агенција SANA. Во извештајот не се споменуваат човечки жртви.

Од SOHR, која се повикува на својата мрежа опозициски активисти во Сирија, не можеле да гио потврдат потеклото на нападот за кој засега никој не ја презема одговорноста.

„Ирански танкер кој стасал од Иран бил закотвен недалеку од пристаништето Банија во моментот на нападот. Најмалку тројца Сиријци се убиени од кои двајца членови на екипажот“, изјавил за AFP од Лондон директорот Рахман Абделрахман.

„Не може да се потврди дали станува збор за израелски напад или не“, додал Абделрахман, за кој владата во Дамаск и Русија велат дека е лице без никакви образование кое одамна во британската престолнина држел сириски ресторан, но од март 2011 година при избувнувањето на граѓанската војна во Сирија се јавува како директор на SOHR противник на претседателот Башар ал-Асад.

Израел, имено, често изведува воздушни и ракетни напади врз ирански цели во Сирија која граничи со еврејската држава која под окупација од 1967 година ја држи нејзината Голанска висорамнина.

Иранската државна телевизија извести дека пожарот избувнал на еден од трите ирански танкери со резерви нафта кои неодмана пристигнале на сирискиот нафтен терминал.

Во сирискиот крајбрежен Банија е рафинерија која зааедно со онаа во олмс ја покрива побарувачката на дизел, гориво за греење, бензин и други нафтени дериват. Сирија во војната зависи од испораките од горива од Иран, бидејќи најголемите нафтени полиња ги држат под окупација САД на териториите од кои порано џихадистите од Исламската држава преку Турција ја криумчареа нафтата и ја финансираа својата војна.

Санкциите на Западот против Сирија и Иран го отежнаа снабдувањето и увозот на нафта. Пред војната сириското производство достигнуваше речиси 400.000 барели дневно. Во 2020 година производството изнесувало одвај 89.000 барели на ден, според сириското министерство од нафта, од кои 80.000 барели од областите кои се под контрола на сириските Курди.

Либанската сателитска al-Mayadeen, која е наклонета на сириските шиити и нивните сунитски сојузници во земјата, сооопшти дека постојат сомненија дека пожарот на иранскиот танкер е предизвикан со напад на изралески дрон.

Тоа би бил првиот напад од овој вид од сириската војна, која прерасна од граѓанска во регионален па и глобален судир, во кој Иран е сојузник на владата на сирискиот претседател ал-Асад.

Израел засега не го коментираше инцидентот со иранскиот танкер, но познато е дека периодично ги напаѓа иранските позиции и интереси во Сирија. Пред десетина дена Иран го обвини Израел и за вмешаност во саботажата во неговата нуклеарна постројка во Натанц каде што се збогатува ураниум.

Западните разузнавачки извори наведуваат дека Израел сѐ почесто напаѓа ирански цели, вклучително и локации во Сирија за кои се сомнева дека произведуваат оружје, за да го спречи ширењето на влијанието на својот најголем непријател во регионот на Блискиот исток.

Во четвртокот беше објавено во западните медиуми дека сириски фунцкионер загинал во блина на Дамакс во изралси напади, за кои Израел наведе дека наводно одговорил на ракетирање од Сирија, кога еден проектил паднал во близина на нуклеарниот реактор во пустината Негев.