ФОТО| Триесетина интервенции на ЈП „Паркови и зеленило“ по вчерашното невреме, екипите и денеска на терен

кипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по вчерашното невреме кое го зафати Скопје интервенирале на 30-тина локации.

-Синоќешното невреме што го зафати Скопје, проследено со силен ветер и дожд, предизвика оштетување на гранки и дрвја. Во текот на ноќта екипите интервенираа на 25 локации во општина Аеродром, Гази Баба и Центар, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Од претпријатието истакнуваат дека денес теренските екипи продолжуваат со расчистување на останатите локации, онаму каде што граѓаните продолжуваат да пријавуваат паднати гранки и дрвја.