
Три лица се повредени, од кои едно потшеко, откако вчера возило „опел астра“ излетало од регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
„На 25.02.2021 во 16.20 часот било пријавено дека во Куманово, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот М.П. од Куманово, излетало надвор од коловозот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, сопатничката 68-годишната З.П. од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка 60-годишната С.П. од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово