![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/Capture-10.jpg?resize=696%2C389&ssl=1)
Директорот на руската Федерална слуќба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников го известил претседателот Владимир Путин за приведување на 11 лица, меѓу кои и сите четвворица терористи директно вклучени во терористичкиот напад на комнцертната сала „Крокус Сити Хол“ крај Москва.
Според првичните информации, еден од уапсените терористи е 19-годишниот Мухамедсобир Фајзов. Тој е ранет при престрелката во Брјанска област и е пренесен во болница.
Во текот на потерата пукале и нивниот автомобил се превртел. Еден од терористите бил приведен, другите исчезнале во влиската шума, а набрзо полицијата пронашла и привела уште еден од нив. Во операцијата се вклучени сите агенции за спроведување на законот. Во автомобилот „рено“ пронајдени се пиштол „ПМ“, патрон за автоматска пушка „АК“.
Според Истражниот комитет, четворица осомничени се приведени во областа Брјанск во близина на границата со Украина. Сега се работи на откривање на нивните соучесници.