Бугарските власти потврдија дека по нивно барање во Германија е уапсен маж осомничен за силување и убиство на новинарката Викторија Маринова (30) и дека очекува негово испорачување.
Осомничениот Северин Красимов (21) е уапсен во вторникот во куќата на својата мајка кај која побегнал по бруталното злосторство. Бугарските власти очекуваат Германија да го префрли Красимиров на нивна територија, рече бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Красимиров.
Собравме многу докази кои упатуваат дека тој е виновен. Красимиров е обвинет во отсуство за две злосторства – силување и исклучително сурово убиство со предумисла“, рече државниот обвинител Сотир Цацаров.
Телото на 30-годишната новинарка е пронајдено во саботата недалеку од Дунав во граскиот парк во нејзиниот роден град Русе каде редовно трчала. Таа е силувана, брутално претепана и задавена.
Министерот за внатрешни работи рече дека засега нема докаази дека убиството на телевизиската новинарка е поврзано со нејзината работа.
Маринова работела за телевизиската станица ТВН од Русе кога ја емитувала нејзината емисија „Детектор“. Во својата последна емисија на 30. септември претставила двајца новинари кои го истражувале наводниот случај на корупција врзани за фондовите на ЕУ.
Маринова, која има седумгодишна ќерка, била вклучена во истрагата на група бугарски новинари за инфраструктруни проекти кои ги финансира ЕУ, а со кои управувале локалните власти. Нејзината смрт огорчи многумина во Бугарија, каде луѓето се фрустрирани поради корупцијата и неделотворното правосудство, кое го критикуваше и ЕУ.
Во оваа фаза од истрагата не можеме да кажеме дека убиството е поврзано со нејзината професионална работа. Продолжуваме со истрагата на сите можни опции“, рече Цацаров.