ФОТО: Убиецот призна: „Ја задавив, па и го пресеков вратот“

Поранешното момче на дваесет и деветгодишната Хилда Ајановиќ призна дека ја убил својата поранешна девојка.

Девојката по потекло од Пријепоље, која минатата недела беше пронајден мртва во својот стан во Франкфурт била брутално убиена од Италијанецот Доменико (26).

Уапсениот признал дека ја убил девојката истакнувајќи дека најпрво ја задавил, а потоа и го пресекол вратот.

Хилда беше пронајдена мртва на 18-ти месецов. Неодамна се развела и го носела презимето Луиновиќ, а во станот во кој била убиена живеела со малолетната ќерка, кога во тој момент била кај својот татко во Пријепоље.