ажот кој смртно беше застрелан во судирот меѓи приврзаниците на републиканскиот претседател Доналд Трамп и левичарските и неолоберални демонстранти на улициата во Портланд, во сојузната држава Орегон, е поддржувач на десничарската група Патриотска молитва Patriot Prayer, соопшти основачот на движењето во неделата.
Џој Гибсон, челни на групата чиеседипте е во државата Вашингтон за агенцијата The Associated Press изјавил дека мажот кој беше застрелан во саботата вечерта му бил „добар пријател“, но не го открил неговиот идентитет.
Гибсон додал дека тој самиот, исто така, бил во Портланд во саботата вечерта кога дојде до судар меѓу приврзаниците на претседателот Доналд Трамп кои организираа конвој и демонстрантите на движењето „Црните животи вредат“ (Black Lives Matte) во центарот на градот, на кои им се придружуваат во изминатиот период екстремни левичарски групации и активисти блиски на неолиберланиот естаблишмент во Вашингтон и Демократската партија. Гибсон пристигнал на местото на пукањето веднаш откако тоа се сличило, а снимки од местото на настанот покажуваат дека тој бил засолнет од гневните демонстранти во блиската бензинска пумпа.
„Во моментов не можам да кажам многу. Сѐ што можам да сторам е да потврдам дека тој беше добар пријател и поддржувач на Патриотската молитва“, изјавил Гибсон за жртвата во пукањето. Најавил дека попрецизна изјава ќе даде подоцна во текот на денот.
Полицијата на Портланд апелираше за секаква информација во врска со убиството, вклучително и видео материјали, фотографии или изјави на очевидци. Пукањењето се случило 15 минути откако конвојот од околу 600 возила кои биле дел од митингот на Трамп го напуштале центарот на градот. Групата Патриотска молитва е активна во Портланд изминатите три месеца против насилствата на протестите на Црните животи вредат, особено по деватирањето и ограбувањето на многу приватни дуќани и имоти.
Медиумите, главно наклонети кон движењето Црните животи важат кои не успеваат да се оградат од екстремистите и хулиганите кои ги следат нивните протести и предизвикуваат насилство, пренесуваат дека „не е јасно дали пукањето е поврзано со судирите меѓу приврзаниците на Трамп и контрадемонстрантите во Портланд“.
Насилствата, демолирањата и подметнувањата пожари кои ги следат протестите против полицската бруталност и расизмот низ САД од мај по полициското задушување на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис во кои има стотици упасени од локалните и федералните агенции за спроведување на законот, како и контрапротестите во Портланд станаа секојдение.
Два часа по пукањето, демонстрантите се собраа во центарот на градот каде што имаше споредични пресметки и вандализа, соопшти полицијата и дададе дека најмалку десет лица се уапсени.
Активностите на десничарското активнистичко движење Патриотска молитва во Портлант од 2017 година организира собири на свои и проврзаници на претседателот Трамп, и периодично организира каравани минуваат низ Орегон, митинзи и маршеви.
Во неделата Трамп објави миза твитови и ретвотови, вклучително и неколку со обвинувања за градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, кој одби да на активира Националната гарда на Орегон, и воопшто попустливост во градовите во кои на власт се демократите кон деликвенцијата и насилството. Во САД полицијата е во надлежност на локалните власти.
„За помалку од еден час нашата Национална гарда ќе ги решеше овие проблеми“, објави Трамп.
„Жителите на Портланд нема уште долго да ја поднесуваат оваа несигурност. Градоначалникот е имбецил. Испратете ја Националната гарда“, додаде во друг твит Трамп.