Украина тврди дека рускиот претседател Владимир Путин на 18 јануари ги потврдил своите планови за инвазија на земјата и дека се добиени документи кои го потврдуваат тоа.
Украинското Министерство за одбрана тврди дека според тие планови војната требало да трае од 20 февруари до 6 март, односно дека Русија планирала Украина да се предаде во рок од 14 дена. Да потсетиме, денеска е седмиот ден од инвазијата.
Наводните руски документи беа објавени на Твитер од Мајкл Хоровиц, геополитички и безбедносен аналитичар во консултантската фирма Le Beck International.
Russian forces entering Balakliya in the Kharkiv Oblast
Geolocation:https://t.co/lJssHEEL69 pic.twitter.com/mcDlgrmaT0
— Michael A. Horowitz (@michaelh992) March 2, 2022
„Пронајдените борбени планови покажуваат планирано слетување во Степановка, во кое учествува 177-от посебен полк на маринци од руската Црноморска флота, со цел конечно да се заземе Мелитопол“, пишува Хоровиц.