
Уметничката Сарасвати од Малезија, која е позната како „Кралица на Месечината“ го воодушеви светот со својата трансформација во ликови од славни цртани филмови.
Имено, само со помош на шминка Сарасвати, успешно се трансформира во славните измислени убавици како Ариел, Мулан, Покахонтас, Јасмин, Алиса, па дури и во Ѕвончица од приказната за Петар Пан.
Всушност, изгледа дека не постои лик во кој таа не може да се „претвори“, вклучувајќи ги и машките измислени ликови и познатите негативци, а она што е навистина запрепастувачки е фактот што тоа секогаш го прави сето тоа без да го симне хаџабот од главата.
Сарасвати е позната шминкерка, но токму фасцинантните трансформации и донесоа светска слава.