Автомобилот на претседателот на СДСМ Зоран Заев утрово е забележан пред канцелариите на поранешниот прв човек на СДСМ и поранешен претседател, Бранко Црвенковски, објави „Курир“.
Автомобилот Ауди А8 на Заев утрово е паркиран пред канцелариите на Црвенковски. Дали Заев планира да се повлече од политиката и токму ова е причината за нивната средба, или пак во план е некаков друг договор останува да се види.
Заев вчера изјави дека се повлекува од градоначалничката функција во Општина Струмица и истакна дека за него ова е последна седница.
-Во следните денови настапува престанок на мојата функција Градоначалник заради започнување на друга функција. Согласно законот сакам да ја информирам јавноста дека во наредниот период за заменик Градоначалник ќе го именувам советникот Костадин Костадинов кој ќе ја извршува функцијата се до законското назначување на ВД градоначалник на Струмица, рече Заев.
Пред изборите на 11-ти декември, Заев изјави дека ако биде поразен, целосно ќе се повлече од политиката, но и покрај претрпениот пораз, лидерот на СДСМ се уште се нема одлучено за ваков чекор.