ФОТО| Ватикан ја отвори за јавноста гробницата на Бенедикт XVI

Tomb of the late Pope Emeritus Benedict XVI (Joseph Ratzinger) in the Vatican Grottoes, Vatican City, 08 January 2023. ANSA/ANGELO CARCONI

Ватикан во неделата ја отвори за јавноста гробницата на неодамна починатиот папа Бенедикт Шеснаесетти, еден од ретките поглавари на Римокатоличката црква кој се повлече од должноста.

Во неделата посетителите на базиликата на свети Петар можеа да се симнат во криптата во којашто 95-годишниот папа беше погребан во четвртокот. Во криптата се наоѓаат гробниците на бројните папи.

Бенедикт е положен во гробницата на својот полски претходник Јован Павле Втори, чиишто останки беа преместени на катот од базиликата, откако во 2011 година беше прогласен за блажен. Над гробот на германскиот папа, покриен со камена плоча со неговото име, поставен е барелјеф во камен.

Бенедикт Шеснаесетти почина спроти Нова година во ватиканскиот манастир Mater Ecclesiae (Мајка на Црквата), каде живееше по повлекувањето како папа емеритус од 2013 година.

Роден во единствената доминантна католичка сојузна германска покраина Баварија како Јозеф Рацингер, ја водеше Католичката црква од 2005 до 2013 година.