(ФОТО) Вечерва во Виница е отворена „Изложба на дела на роднокрајни автори“

По повод 75 години од ослободувањето на Виница вечерва беше отворена „Изложба на дела од роднокрајни автори“ кој ја отвори градоначаникот на Општина Виница Ивица Димитров.

Директорката на Музејот „Теракота“ од Виница, Јулијана Иванова, истакна дека ова е прва ваква изложба на уметниците од  нивниот град и од Блатец и дека има со што да се пофалат, бидејќи има прекрасни дела и автори кои творат низ светот. Таа нагласи дека делата се од повеќе уметнички прваци – сликарство, копаничарство и резбарство, стрип, скулптури (метал), текстил.

Музејот с е јавува како организатор на изложбата со Здружението на уметници „Ум“ и Општина Виница, на која има дела од 26 автори.

На изложбата има дела од Ѓорги Даневски, Петар Гугушевски, Јаким Јованов, Бранко Јанкуловски, Гордана Вренцоска, , Миливој Симеонов, Катица Алексова, Дејан Спасов, Дарко Богданов, Александар Богданов – Чоки, Соња Димитрова, Благица Стојановска, Иво Пецов, Даринка Даневска, Гоце Јанкуловски, Александра Филипова, Маријана Иванова, Филип Тренчовски, Блаже Анакиевски, Драгана Павловска, Димитар Костадинов, Сашко Темелков, Ѓорги Ристов, Љупчо Георгиев, Тони Лесански и Марјан Илиев.