ФОТО| Венеција го претстави обновениот мост Риалто

Венеција во вторникот го одбележа завршувањето на реновирањето на мостото Риалто, а настанот го одбележа и настапот на славниот тенор Андреа Бочели кој пееше од овој бисер на ренесансната архитектура кој го пречекорува големиот канал.

Блескавиот бел мост кој обвозможува премин преку каналот на неговиот најтесен дел е една од главните туристички атракции на овој јадрански град, а до средината на XIX век бил и единствената можноста за тоа освен бродовите.

Целосното реновирање на мостот, што чинеше пет милиони евра, го финансираше основачот на брендот на облека „ Diesel“, Ренцо Росо.

Обновувањето започна во 2015 година, а беше довршено во 2019 годин, но свеченото инаугурирање беше двапати одложувано поради пандемијата на коронавирусот.

Андреа Бочело ја отпеа аријата на Пучини „ Nessun Dorma“ во текот на краткото одбележување, додека под мостот минуваше флотата венециски гондоли.

Мостот со лакот со височина од 6,5 метри е најстариот кој минува над Канал Гранде а ја поврзува населбата Сан Марко со Риалто, комерцијалниот центар на градот и прочиениот пазар Риалто.

Мостот се смета за ремекдело на архитектурата и почива на 6.000 дрвени столбови (пилоти). Изградени во периодот меѓу 1588 и 1591 година, аркадите на Риалот со продавници со векови биле резервирани за златарите.

Меѓутоа, повече од 400-те години влијание на ветровите, водата и загадувањето, како и приливот на туристи во модерните времиња, оставиле последици на белиот истарски камен. Поради тоа, обновени се 5.000 квадратни метри површина, вклучително и декоративни релјефи.

Милиони туристи секоја година ја посетуваат Венеција впишана на листата на светско наследство на Обединетите нации. Но во јули годинава „Серенисима“ речиси беше избришана од листата на УНЕСКО спореди загрозеноста на објекти.

Поради тоа, властите забранија впловување на големите туристички крстосувачи во лагуната, за да го ограничат неконтролираното доаѓање на туристите и ги обврзаа посетителите да го резервираат доаѓањето во Венеција и да платат за влез во историското средиште на градот.


ANSA/Andrea Merola