Новo паѓање на американскиот претседател Џо Бајден, кој е снимен како повторно се сопнува додека се качувал по скалите на авионот. Загрижувачкото видео покажува како 79-годишниот претседател се лизна на скалите, откако претходно три пати паднал.
Бајден замина во Калифорнија на интервју со Џими Кимел откако даде изјава во врска со изборите на средина на мандатот.
Патувањето беше кратко, а претседателот на Соединетите Држави ги помина останатите скалила пред да го поздрави на врвот.
Многумина се пошегуваа со оваа ситуација во коментарите на социјалните мрежи и неговите чекори ги окарактеризираа како „лизгави“.
Бајден многу ја загрижува јавноста со неговите паѓања. Тој и претходно се сопна додека одеше по скалите на Air Force One, на пат за Илиноис во мај оваа година.
Најдраматичен пад беше претходната година кога се качи на авион во Атланта и дури три пати по ред се заглави и падна додека се качуваше по скалите. Во тоа време, Белата куќа ги обвини силните налети на ветерот како причина за сопнувањето на претседателот.
The Air Force One stairs are UNDEFEATED against Joe Biden
Watch as he takes another trip down the stairs pic.twitter.com/N0yHYGKnzi
— Benny Johnson (@bennyjohnson) June 8, 2022
Бајден загрижува и со неговите лапсуси и грешки. Во април оваа година, по говорот на предавање на Академијата за земјоделство во Северна Каролина, тој се сврте и ја подаде раката за да се ракува, а зад него немаше никој.
Видеата од гафовите на Бајден се многу популарни на социјалните мрежи, па снимката на која тој дреме со израелскиот премиер се рашири во јавноста, како и видеото каде тој повторува „Каде е мама?“, но и лапсусите на кои ја поистоветува Либија и Сирија со Русија и Украина.
фото: Танјуг