Пејачката Цесика Симпсон, сними реклама за парфемот „The Signature”, во која во прв план е нејзиното бујно деколте и совршена фигура, пишува Дејли меил.
Со снимањето на оваа реклама Џесика докажа дека жената и по порудувањето и покрај мајчинството може да изгледа подобро од било кога.
По првото породување Џесика почна да се бори против вишокот на килограми, сексапилната русокоса, за време на првата бременост се здебелила дури 30 килограми кои ги симнала само со диети и вежбање.
Инаку, Симпсон е кантри пејачка, дизајнерка и модел. Беше мажена за пејачот НИк Лејхиј, со кој сними реално шоу за нивниот брак.
Но, среќата кратко траела и набрзо се развеле, за потоа да се омажи со поранешниот рагбист Ерик Џонсон со кој има две деца, ќерка и син.