![Banovo-Brdo-eksplozija-4-620x350](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/Banovo-Brdo-eksplozija-4-620x350.jpg?resize=620%2C350&ssl=1)
Силна експлозија одекнала денес околу 14:30 часот во белградската населба Баново брдо. Џип „БМВ“ експлодирал на улица, во близина на автобуска постојка и неколку кафулиња. Српските медиуми пишуваат дека експлозивот бил под возилото и е активиран, најверојатно од далечински управувач.
При експлозијата од силната детонација возачот излетал од возилото. БМВ-то продолжило неконтролирано да се движи и удрило во комбе кое се запалило.
Повреден е возачот на џипот кој е во критична состојба, како и еден случаен минувач. Дел од српските медиуми неофицијално пишуваат дека возачот на БМВ-то е извесен Владимир Каран (46), лице со богато криминално досие.
Српската полиција извршува увид на местото на експлозијата.