![vulkan_japonija_nasl](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/vulkan_japonija_nasl.jpg?resize=603%2C339&ssl=1)
Ерупција на вулканот на малото јапонско островче Качино-Ераб во областа Кагошима предизвика паника во земјата на изгрејсонцето.
Според хидрометеоролозите во Јапонија постои опасност од уште една ерупција.
Островот со само 150 жители, веднаш беше евакуиран од страна на властите откако вулканот Шиндаке почна да исфрла големи количини чад и камења, кои завршија во океанот.
Овој остров е доволно оддалечен од сите поголеми населени места, вклучувајќи ја нуклеарната електрана Сендаи, оддалечена 160 километри.
Од превентивни причини нивото на тревога е подигнато на највисоко ниво на скалата, а сите летови кон оваа област се пренасочени кон Окинава и југоисточна Азија.