(ФОТО+ВИДЕО) Хрватска се солидаризира! Се собираат донации за оние кои ги загубија домовите

Хрватска на нозе. Хуманитарната организација „Луѓе за луѓе“ постави пунктови низ цела Хрватска каде се собира помош за семејствата кои ги изгубија домовите во страотниот земјотрес.

Колони во недоглед. Хрватите по силен дожд чекаат смирено да дадат свој придонес оставајќи помош. Се собира храна, вода, греални, ќебиња, средства за хигиена.

Ова можеше да им се случи на сите. Ова е мала ситница која ја донираме, ама на некого премнигу му значи во моментов, вели еден од донаторите за 24 сата.

Најмалку шест лица загинаа во силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска. Спасувачките екипи под урнатините ги извлекле телата на 13 годишно девојче од Петриња и пет други лица од Мајска Полјана.

Спасувачките екипи и цивилите продолжуваат да трагаат по затрупани граѓани.

Потресите предизвикале голем број на дефекти на електричната мрежа во и околу погодениот регион. Без струја се Петриња и Велика Горица и делови од Сисак и Загреб, соопштуваат од Хрватското електростопанство.