![bebebuce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/bebebuce.jpg?resize=630%2C470&ssl=1)
Малиот Сантијаго Мендоза е најкрупното бебе во Колумбија. Има само осум месеци, а неговата тежина веќе достигнала 20 килограми.
Малото момче, кое се смета дека е најдебелото бебе во Колумбија, деновиве беше згрижено од фондацијата „Gorditos de Corazon“ со цел да добие соодветна медицинска помош поради преголемата тежина.
Неговата мајка побарала помош од волонетрите на фондацијата обајснувајќи дека таа се чувствува виновна за неговата тежина бидејќи секогаш кога тој плачел таа му дава храна и млеко.
Докторите истакнале поради дебелината кај Сантијаго е зголемен ризикот од многу болести како дијабетес, хипертензија и срцеви заболувања, па нивната мисија е намалување на тежината без одложување. Тој тежи колку просечено шестгодишно дете. Велат дека намалувањето на неговата тежина ќе биде тешка задача и во неа ќе мора да помогне целото семејство.