Со текот на времето третина од Кинескиот ѕид исчезна, затоа што локалното население ги продава украдените делови од градбата, или од нив гради куќи.
Големиот кинески ѕид чија што изградба траела преку 2.000 години изгубил околу 30 отсто, односно 1962 километри од својата должина и повеќе не е видлив со голо око од вселената.
Според студијата на кинеската агенција за државен имот, околу 1.200 километри од ова монунментално културноисториско здание кое е со целосна должина од 9.000 километри, се во навистина лоша состојба.
Исто така, на разорувањето и разградбата на споменикот влијаел и големиот прилив на туристи.
Сиромашните селани во округот Лулонг, во северната провинција Хебеј користеле дебели сиви тули од ѕидот за да ги изградат домовите, додека плочите гравирани со кинески обележја, локалните жители ги продавале за 30 јуани (4,80 долари) од парче.
Казните за кражба од Големиот ѕид се големи, тие може да достигнат вредност и до 1.000 евра.
Инаку големиот ѕид никогаш не бил довршен, а бил граден во различни периоди, од 3-ти век пред новата ера.
Се проценува дека должината на Ѕидот изнесува околу 21.000 километри, ако се земат во предвид и исчезнатите делови, како и формите на природниот релјеф.