
Македонските обожавателки со мечиња и чоколадни бонбони го пречекаа Даниел Кајмакоски пред Универзалната сала, каде беше специјален гостин на 17-тата по ред „Златна бубамара на популарноста“.
Водени од желбата да се фотографираат со него и да добијат автограм од миленикот на Балканот, тинејџерките буквално полудеа, го нападнаа со прегратки, подароци и овации.
Младиот Даниел рече дека ќе се слика со секоја од нив, но мораше да биде дел од манифестацијата, на која, како што рече тој, на негово огромно изненадување и задоволство, доби Златна бубамара за откритие на годината.
Многубројната публика во салата уживаше во неговата изведба на Red со која ги освои симпариите на строгото жири од популарното шоу Х фактор. Тој заедно со Тони Зен ја исполнија и нивната песна која беше наградена со громогласен аплауз.
Eдно среќно девојче дома си замина со неговото капче за спомен.