Научниците од Универзитетот Квин Мери во Лондон во соработка со „Нокиа“, развиле прототип наногенератор кој служи за полнење на батеријата на мобилниот телефон со помош на секојдневната бука. На тој начин, во блиска иднина, батеријата на мобилнот телефон ќе се полни со помош на буката од сообраќајот, музика или говор.
Уредрот, кој засега е прототип, користи особености на цинков оксид за да ги претвори звучните вибрации во електрицитет.
Се работи за материјал кој со помош на вибрации може да ставара напон, бидејќи ја претвора енергијата од движењето во електрична енергија.
Научниците почнале со прскање на течниот цинков оксид на пластичен лист кој потоа е потопен во мешавина хемикалии кои се загреани на 90 целзиусови степени. Со тоа цинковиот оксид се транформирал во нанород.
За да се собере напонот на едно место, новосоздадениот лист на нанородови е стравен меѓу две контактни плочи за спроведување на електрична енергија.
Иако овие контакти традиционално се прават од злато, научниците успеале да достигнат негова голема ефикасност користејќи обична алуминиумска фолија.
Конечниот производ е уред во големина на „Нокиа Лумниа 925“ кој е во состојба да генерира пет волти.