Необични светла го покрија небото над северна Европа и северна Америка, како резултат на голема соларна експлозија и геомагнетна бура, јавува Раша Тудеј.
Геомагнетната бура била со интензитет Г-4, што е втор по ред најсилен степен. Последна ваква бура била регистрирана во март, кога такви зазорувања на небото биле забележани во Ново Мексико.
Најдобар начин да се набљудува оваа појава е да се оди на места каде има минимум светлосно загадување и посеверно.
Се очекува дека геомагнетната бура ќе биде видлива и вечерва.
Во неделата, за времето на летниот солистициум, голема експлозија на сонцето исфрли голем дел материја во насока кон Земјата.
Осветлувањето е предизвикано од интеракцијата помеѓу магнетното поле на Земјата и честичките од сончевата атмосфера што пристигнуваат во овој правец.