ФОТО/ВИДЕО: Неодоливо, ова е најмалото и најслаткото кученце на светот

Кафената чивава Мирикл Мили од Порторико е најмалото куче на светот, со висина од само 9,65 сантиметри. За да имате идеја колку е навистина малечка, информацијата дека додека била бебе пиела млеко од пипета, говори доволно. Кога се родила имала само 28 грама и ја собирало во мала лажичка.

Сег може да се пофали со тежина од 500 грама и има големина на просечен смарт телефон, таа е буквално колку вашата дланка.

Стара е две ипол години и позната е по својот секогаш исплазен јазик, кога некој ја фотографира. Сопственичката на оваа неодолива чивава вели дека со текот на годините таа научила да позира.

Foto: Tanjug/AP

Мили влегла во Гинисовата книга на рекорди со титула најмало куче на светот по висина. Таа е вистинска ѕвезда, гостувала во речиси сите телевизиски емисии и има дури и своја интернет страница.

Foto: miracleemilly.com

За да б иде во склоп со имоџот „ѕвезда“, Мили морала да дизајнира своја линија на облека. Од секое продадено парче облека со потписот на Мили, десет отсто од парите одат во добротворни цели за заштита на животните насекаде во светот.

Мирикл Мили е блиска со своите две сестри, кои се со нормална големина, но повеќе ужива во друштвото на луѓето.