Дизајнер од Флорида создава возила кои не се „од овој свет“, со тоа што на на нормлни модели им прави вонземски пресврт.
Мајкл Ветер зема возила од клиенти и им прави серија на модификации за да ги создаде неговите вонземски возила, – или „ ЕТВ”, како што ги нарекува.
Ветер поседува сопствена гаража-фабрика за автомобили во Флорида фабрика во Флорида, а идејата му се јавила кога неуспешно се обидувал да го стави бебешкото седиште во неговиот спортски автомобил.
Неговите уникатни креации може да достигнат брзина до 100 километри на час. Ветер со изградбата на своите „ЕТВ“ започна во 1998 година, како негов единствен извор на приходи.
Сега тој претвора сè, од „тојота приус“ или „порше бокстер“ во едни од своите футуристички модели, кои се продаваат по 250.000 долари.
Коњски сили на неговите автомобили се движат од 95 до 300, а креативниот процес започнува со сечење на оригиналниот автомобил на два дела.
„Измените кои ги правам на автомобилот обично вклучува сечење на автомобил на половина и негово издолжување, за да се добие поголема база на тркалата. Користам челичен тубуларен метал за изградба на комплетно нова рамка со стаклена волна. Се обидувам да најдам светла од други автомобили.Како и да е стаклата за „АТВ“ мораат да бидат посебно изработении и прилагодени за возилото. Ова е многу скап потфат. Потоа, обично самиот ги изработувам вратите од челик или алуминиум“, вели Ветер.