ФОТО+ВИДЕО| Патните правци низ државава завеани со снег

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во сообраќајот, а патните правци вообичаено се завеани и неисчистени. На дел од патните правци е забранет сообраќај за камиони, но отежнато е движењето и на автомобили.

Во продолжение фотографии на дел од државните патишта кои утрово се речиси блокирани од неисчистениот снег и има застој на сообракајот.

Кичево – Охрид
Маврово-Гостивар
Плетвар
Скопје-Штип

Според информации од АМСМ, утрово во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на камиони.
Од 7:45 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони и на патниот правец Струга-Ќафасан, како и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на потегот Охрид-Пресека-Кичево и обратно.