
Пожар избувна на планината Галичица кај Охрид.
Пожарот кој зафати борова шума избувнал во непосредна близина на далновод.
Опожареното место на Галичица е во близина на населбата Гоце Делчев и Бејбунар во Охрид.
Како што пренесува порталот Ohrid1.com, пожарот на Галичица добива на интензитет и пламенот е видлив од целата урбана зона на Охрид. Всушност од фотографиите може да се забележи дека станува збор за два пожари. Противпожарната единица од Охрид ја почнала борбата со огнената стихија.
Охриѓани накратко останале без напојување со електрична енергија. Струјата била исклучена превентивно бидејќи пожарот е во близина на далноводот преку кој од РЕК БИТОЛА Охрид добива струја, пишува порталот.
ФОТО: Курир.мк; Ohrid1.com; air360.mk