Граѓанската иницијатива „УДАР“ на чело со Мери Николова утре повторно ќе тргне во поход за рушење на како што тие велат „недемократската власт“ во земјава. Уште пред да започне нивниот протест е осуден на пропаст, знаејќи дека ова е само уште еден груб обид на опозицијата да создаде лажна слика и да ја изманипулира јавноста.
И овој протест, како и минатите, од страна на опозициските портали се најавува како граѓански протест без партиска позадина, меѓутоа фотографиите на дело покажуваат дека минатиот протест на оваа иницијатива е дело на СДСМ, а организатори се нивните партиски активисти. Истото се покажа и за протестот на иницијативата АМАН, протестот на стечајците, студентските протести и којзнае уште колку вакви обиди ќе има во иднина, се со цел СДСМ да дојде на власт нелегално без избори.
Мери Николова, која е еден од организаторите на протестот претходно во интервју за емисијата „Во центар“ со гордост истакна дека е член на СДСМ од 97. година со срце и душа, како и дека екс лидерот на партијата, Бранко Црвенковски е икона во нејзините очи.
Во истото интервју Николова сама ги побива своите ставови. Незадоволна од актуелната власт се прокламира како поборник за средната класа во земјава, а носи брендирана облека и оди на луксузни патувања, кои ретко кој во земјава може да си ги дозволи.
Николова на јавноста и е позната и по љубовната врска со актуелниот амбасадор на Македонија во Франција, Агрон Буџаку, со кој има две деца.