Дека Светлана Цеца Ражњатовиќ е една од најголемите ѕвезди во Србија, тоа го знаат сите, но нејзините обожаватели почнаа да личат на оние од американските филмови.
Мораат да поседуваат се она што таа допрела, погледнала или во овој случај- седела на тоа.
На еден сајт за продажба на работи, кои нови, кои половни се појави и оглас во кој еден човек ја продава столицата на која Цеца седела во еден нејзин спот.
„Половен стол со видливи знаци на користење“м пишува во описот на огласот, а цената е дури 11.200 динари. Во прилог на огласот, а за да потврди автентичноста, е спотот за песната „Знам“ каде главен „статист“ е столот!