Силно невреме денеска го зафати Охрид. Силниот ветер откорна покрив од станбена зграда на улица „Мирче Ацев“ чии делови оштетиле повеќе куќи и автомобили во соседството. За среќа нема повредени.
Невремето било краткотрајно, но интензивно кое предизвикало материјални штети.