ФОТО-ВИДЕО| Скопје се гуши во ѓубре, тие кои бојкотираат од „Комунална хигиена“, не им дозволуваат на другите да го собираат сметот

Синоќа беше тензично во просториите на Скопска „Комунална хигиена“. Вработените трет ден одбиваат да работат и да го собираат ѓубрето низ Скопје. Како што велат, бојкотираат оти директорката Мазнева не им ги продолжила договорите на стотина за кои таа вели дека со години се неработници, дел од нив и воопшто не доаѓале со години на работа, а се ангажирани со договор преку партиски врски.

Вчера на прес конференција директорката на ЈП „Комунална хигиена“, Косава Мазнева  таа порача дека нема да толерира партиски војници неработници и манипуланти и дека нема да им ги продолжи договорите на околу 200 од нив.

Дел од вработените се солидаризирале со тие на кои им престанале договорите и ги спречувале и другите работници од трета смена да излезат и да го соберат ѓубрето од цело Скопје кое три дена се гуши во смет.

Тв 21 синоќа објави дека директорката ноќеска повикала полиција во дирекцијата на Комунална Хигиена и вршела притисок врз работниците да престанат со бојкотот и да одат на терен да работат.

https://www.facebook.com/portalb.mk/videos/6121607331301986