Ким Карадашиан Вест се појави во уште едно мошне разголено издание на насловната страница на магазинот Џи Кју.
Таа се соблече по повод јубилејното издание на магазинот по повод десетгодишнината од постоењето, насловено „Љубов, Секс и Лудост“.
За време на снимањето таа позира со повеќе различни палта (секси мантили и нејзиното омилено „оверсајз“ крзно) врз мошне минијатурната долна облека.
Но, не се само фотографиите. Ким подготви мало изненадување за сите, па објавено е и видео од зад сцената за време на снимањето. Погледнете како течеше фото-сесијата за најновата насловна на Ким.