Вицепремиерот на Дагестан, Гаџи Махачев загинал во несреќа, соопшти полицијата во Москва. Инцидентот се случил на Кутузов авенијата во Москва.
Според првичните податоци загинаа три лица, меѓу кои и Махачев. Тој се наоѓал во возило од марката „Мерцедес ГЛ“.
Автомобилот се движела по Кутузов авенијата и во реонот на број 33, се удрил во бетонски блокови, а потоа уште во два автомобили. Вкупно петмина се повредени, меѓу нив и три деца, а три лица загинале.
Вицепремиерот на Дагестан бил зад воланот на автомобилот за време на инцидентот, пренесе „РИА Новости“, повикувајќи се на податоци од страна на полицијата на земјата.
Во 2007 година Гаџи Махачев е назначен за постојан претставник на Дагестан кон претседателот на Русија. Во јануари 2013 година станува вицепремиер.