Словачката компанија Аеромобил разви футуристички дизајн на нови летечки коли. Извршниот директор на компанијата Јуриј Вацулик најави дека овие скапи играчки за првпат ќе се појават на пазарот во 2017-та година, објави Раша Тудеј.
Интересно е тоа што, овие летечки автомобили ќе имаат авто-пилот кој би требало да ви помогне за да се движите низ сообраќајниот метеж.
Автомобилот со две седишта и крилја ќе тргнува како автомобил, а потоа ќе може да полета слично како лесен спортски авион.
Ова возило ќе биде произведено во ограничен број примероци. Тоа ќе може да лета околу 650 километри, а ќе користи вообичаено гориво.