Се навикнавме веќе да ја гледаме Викторија Бекам најчесто во црни шик изданија.
Сепак вчера таа одлучи да додаде повеќе боја на нејзиниот изглед кога се појави во светло жолт оутфит. Мора да признаеме дека буквално „грее“ на фотографиите.
Таа на Менхетен се појави во долг жолт фустан и со мантил во иста боја, како и со сандали со боја на кожа.