
Делегации на Владата на Република Македонија, Собрнаието, како и на Градот Скопје по повод празникот 11 Октомври, денеска положија цвеќе пред Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел.
По тој повод цвеќе положија и делегации Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништа, политички партии и други здруженија.
Покрај Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел, цвеќе беше положено и пред гробовите на поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и пред гробот на генерал Михајло Апостолски, лоцирани во градските гробишта “Бутел”.
Цвеќе беше положено и пред Споменикот на Методија Андонов Ченто и Споменикот на паднатите херои за Македонија.