Италијанската полиција објави во четвртокот дека открила оружје, нацистички знамиња и фотографии од фашистичкиот диктатори Бенито Мусолуни во домовите на припадници на група блиска до белите супрамецисти, кои се обидувале да формираат нова фашистичка партија во Италија.
Полициските сили претресле домови на 25 членови на групацијата наречена „Последната легија“ во четвртокот, под сомневање дека ширеле омраза преку интернет против муслиманите, хомосексуалците и Евреите, се наведува во соопштението.
Иследниците заплениле ножеви, муниција, пиштоли и фашистички обележја кај членовите на групите кои отворено себеси се нарекуваат „фашисти“ и се залагаат за насилство како решение за политичките судири, се додава во соопштението на италијанската полиција.
„Секогаш имам боксирач и пендрек со себе. Сега имам и мачета“, се наведува во една порака на припадник на „Последната легија“ испратена до негов истомисленик, а која била пресретната од полицијата.
Членовите на групата, исто така, на социјалните мрежи го негирале постоењето на пандемијата на коронавирусот, нарекувајќи ја заговор на финансиските и религиски лобија, рекол за агенцијата Reuters Еугенио Спина, шеф на полицискиот оддел за борба против тероризмот и екстремизмот.
„Сакале да изградат нова фашистичка партија“, додал Спина.
Италијанската полиција наведува и дека немало никакви други апсења во четвртокот, но дека се истражуваат две лица поради поседување на нерегистрирани пиштоли.
Истрагата била започната во 2019 година во регионот Абруѕо во централна Италија. Потоа се проширила низ целата земја, и со неа биле опфатени 18 региони и покраини од северот до југот, објави италијанската полиција.