Дрога, вредна 240.000 евра се обиделе да прокруимчарат двајца скопјани.
Министерството за внатрешни работи во во содејство со Царинска Управа на Република Македонија спречи шверц на дрога од Турција наменета за македонскиот пазар.
Според информациите од полицијата, ноќеска околу 3.30 часот на граничниот премин Богородица при влез во државата е сопрен автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управува од 32-годишниот С.С. каде сопатник бил десет години помладиот И.И.
Од страна на царински и полициски службеници преземени се мерки на царинска контрола над возилото и личен претрес на лицата при што во праговите од автомобилот пронајдени се 19 пакување обвиткани со селотејп трака исполнети со непозната прашкаста материја бела боја, односно хероин.
Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на големо во Р.Македонија би достигнал цена од 240.000 евра, додека надвор од земјава над 300.000 евра.