ФОТО| Во налетот на автомобилот во Берлин убиена наставничка, повредени 14 ученици

Германската полицијата го идентификувала мажот кој во средата со автомобил влета група луѓе во популарен трговски кварт во центарот на главниот град Берлин и притоа усмртил наставничка и повредил 14 нејзини ученици.

Напаѓачот е германско-ерменски 29-годишник кој со возилото влетал во излогот на една продавница. Минувачите го задржале и предале на полицијата.

Беше нејасно дали станува за сообраќајна несреќа или намерен чини во улицата во близина на црквата посветена на царот Вилхелм, оштетена во Втората светска војна, која претставуваше една од најпознатите знаменитости на германската престолнина, соопштија од полицијата.

Противпожарната полиција ја коригираше претходно изјавата за 30 повредени на десетина, а од нив шест во животно загрозувачка опасност. Полицијата потоа објави дека меѓу повредените 14 се ученици.

Учителката го носела класот ученици на тинејџерска возраст од малиот град Бад Аролсен во централната германска сојузна покраина Хесен, изјави портпаролката на покраинските власти. Тоа, веројатно, значи дека станува збор за 16 или 17-годишници.

Официјалните извои ги негираа наводите на весникот Bild дека возачот во возилото остави писмо се признавање. Иследниците таму нашле постери за Турција, а медиумите потсетуваат на проблематичните односи на оваа земја со Ерменија, од каде потекло има осомничениот.

Градоначалничката на Берлин, Франциска Гифеи, на самото место на инцидентот за медиумите изјави дека „засега ништо не е расчистено“. Портпаролот на министерството за внатрешни работи на редовната прес-конференција во Берлин изјави дека „прерано е за шпекулации“.

Истрагата сѐ уште се обидуваат дали станува збор за намерен напад или несреќа со медицинска причинија, изјави полицискиот портпарол, додавајќи дека на возачот му е пружена одреден вид медицинска нега веднаш по инцидентот.

Весникот Bild објави фотографија на задржаниот возач., кој носи жолт пуловер, облека за трчање и црвени патеки.

Местото на несреќата, во трговската улица близу ресторан на „McDonald’s“, е затворено. Блискиот комплекс „Europa Center“ подоцна беше евакуиран, поради стравување дека автомобилот евентуално би можел да содржи експлозив, потврди полицијата.

Инцидентот потсети на терористичкиот напад од 2016 година на божикниот панаѓур во истата област на Берлин, кога Анис Амри, Тунижанец со џихадистички врски, откако го уби полскиот возач со камион влета во масата луѓе убивајќи притоа уште 11 лица. Амри потоа пребега во Италија, каде што Милано при рутинска контрола беше откриен и убиен во престрелка со полицијата.