„Шепи“ на автомобилите па дури и физички пресметки прадизвикал спорот меѓу двете скопски јавни претпријатија, за водовод и за паркинзи, околу надлежноста на една уличка, пренесуваат граѓани на социјалните мрежи.
Еден од скопјаните кои денеска добиле сведоштва за немилите настани меѓу вработени во ЈП Водовод и ЈП Градски паркинзи, е и телевизискиот водител Јанко Илковски, кој информираше преку социјалните мрежи.
„Невољи во рајот – војна на две Јавни претпријатија.
Се “судрија” Водовод и ПаркинзиДенес бев во ЈП водовод да подмирам сметки, наидов на многу напријатна и тензична атмосфера. Имаше многумина од Водовод излезени кои ми се обратија и ми објаснија дека без известување ЈП Паркинг уличката покрај зградата ја презела и ја направиле Паркинг зона B10. Како што разбрав вработените кои тука се паркирале ги нашле возилата со “шепи” и дека имало и физичка пресметка.
Јас само пренесувам дел од лични впеачтоци и бев таму приватно, не земав никави изјави и само пренесувам она што видов. Имаше и и присуство на МВР.
Еве што на твитер објавија за ова –
Andrejski
@JurukMijakДрскоста и безобразлукот на ЈП Градски паркинг повторно на дело. Денеска ФИЗИЧКИ нападнати вработени на ЈП Водовод од багабонтите со канџите. Поднесена е пријава до МВР, а преставка за односот на нивните вработени следи и до УО на “Гадски паркинг – Скопје“, напиша Илковски