(ФОТО) Во Охрид се продолжува со градење на нови дивоградби

Откако после помпезно најавената борба против дивоградбите во Охрид, а зад превезот на врвната цел -Зачувување на Унеско статусот на Охрид, се отстранија неколку ѓерамиди од само една куќа и се отсрани само една платформа од само еден угостителски објект, градоначалникот Константин Георгиески решил да направи една обиколка низ Охрид.

Му предлагаме на градоначалникот чија денешна намера дефинитивно е само да се слика божем нешто работи, да помине кај фабриката Братство, наспроти ковачите, добро да ја погледне градбата која се гради и да ни одговори Дали се работи за нова дивоградба и тоа во време кое за охриѓани има наслов Мораториум за градби во Охрид!!!??? стои во фејзбук објавата на страната Klime Ribarot