Обилните дождови низ северна Индија предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави во кои загинаа најмалку 22 лица, соопштија во понеделник властите и локалните медиуми.
Училиштата во Њу Делхи беа затворени по обилните дождови што го зафатија главниот град во текот на викендот, а властите во хималајските држави Химачал Прадеш и Утараханд побараа од населението да не ги напушта своите домови освен ако е апсолутно неопходно.
Најмалку 22 лица загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето во северните држави Химачал Прадеш, Утаракханд, Утар Прадеш, Џаму и Кашмир и Пенџаб во неделата, извести весникот Times of India.
Поплавите во северната држава Химачал Прадеш доведоа до уривање на мост и неколку згради во текот на викендот. Властите користеле хеликоптери за да ги спасат луѓето заглавени на патиштата и мостовите поради дождот, покажаа снимките на нивинската агенција ANI.
Поплавени се улици во северните држави, вклучително и Пенџаб, Делхи и Утараханд. Спасувачките тимови во некои области користеле гумени сплавови за да стигнат до луѓето во нивните домови, јавуваат локалните медиуми.
„Ве молиме останете во затворени простории, бидејќи се очекуваат пообилни врнежи во следните 24 часа“, предупреди Сухвиндер Синг Суху, главен министер на Химачал Прадеш, на социјалните мрежи доцна во неделата.
Во текот на викендот, во многу области на Химачал Прадеш наврнал дожд колку што вообичаено наврвнува за цел месец, изјави висок метеоролошки претставник.
Во Делхи, Пенџаб и Химачал Прадеш наврнале 112, 100 и 70 отсто повеќе од просечните врнежи во тековната сезона на монсуните што започна на 1-ви јуни, според метеоролошкиот оддел.