Денеска (07.09.2022) во 08.30 часот во с.Дебреште, прилепско, полициски службеници од СВР Битола- ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Р.(41) од Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пет пушки и еден пиштол различен калибар и повеќе парчиња муниција од различен калибар, кои без дозвола ги поседувал.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.