Во петокот година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од ОВР Гостивар и надлежен Јавен Обвинител од ОЈО Гостивар, по претходно издадена Наредба од Основен суд Гостивар од правно лице во село Врапчиште – Гостивар, одземена е марихуана во вкупна количина од 4341 килограми, вредна над 10 милиони евра.
Наведената количина е одземена по донесена Одлука на Владата на РСМ за одземање на Одобрението за одгледување на канабис за медицински цели на наведеното правно лице поради констатирани неправилности во работењето. Имено, во изминатиот период од страна на полициски службеници од Одделот за крим полиција и ОВР Гостивар во координација со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели беше извршена вонредна контрола при што се констатирани бројни неправилности во работењето, за што од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар е поднесена кривична пријава по член 95 в од Законот за контрола на опојни дроги.
МВР
По донесувањето на одлуката на Владата на РСМ, 4341 килограми наркотична дрога марихуана е одземена и сместена во Агенција за управување со одземен имот.
Министерството за внатрешни работи заедно со Комисијата од Министерството за здравство и во иднина ќе продолжи со контроли во правните лица кои поседуваат одобренија за одгледување на канабис за медицински цели со цел утврдување на евентуални неправилности во работењето.