Пет лица од исто семејство во зафрлено хималајско село гласаа во понеделникот на изборите во Индија на сопственото избирачко место, откако официјалните лица патуваа седум часа за да им дозволат да ги предадат своите гласачки ливчиња, а во целиот тој потфат морале да позакмат електрична енергија од војската.
Во неделата, официјалните лица ја подигнаа опремата за гласање во Лех, главниот град на хималајската федерална територија Ладах, и се качија во автобус за 180-километарското патување до Варша, каде единствените гласачи беа 23-годишната Ринчен и нејзините родители и баба и дедо.
Сместен на околу 20 километри од глечерот Сјачен, бојното поле на највисока височина во светот каде Пакистан и Индија се судираат со децении, Варши е достапен по пат, но нема ниту струја, нема интернет а нема ниту амбуланта.
Кога генераторот што го носеле се расипал, службениците се обратиле до индиската армија за помош.
„Оваа област е единствена. Владата таму отвори избирачко место само за една куќа“, рече претставникот на изборната комисија Пхончок Стобдан.
Ринхен, која сега првпат гласа, се надева дека нејзиниот глас ќе помогне и да се реши проблемот со недостигот од инфраструктура.
Индија гласа во седум фази на изборите кои започнаа на 19-ти април, а треба да завршат на 1-ти јуни.
Во понеделникот започна петтата фаза од гласањето..