(ФОТО) Во земјотресот во Јапонија дестици повредени, милион домаќинства без струја

Во земјотресот со магнитуда од 7,3 кој во саботата ноќта го погоди источниот брег на Јапонија има повеќе десетици повредени, а речиси милион домаќинства останале без струја, но трите нуклеарни централи во близина на епицентарот работат без проблеми.

Епицентарот на земјотресот бил во водите на Тихиот Океан на длабочина од 60 километри крај брегот на префектурата Фукушима, објави јапонската Национална метеоролошка служба. Претходно издаденото предупредување за цунами е повлечено, но на локалното население му е препорачано да го избегнува крајбрежјето. Исто така, жителите се предупредени за можни последователни потреси, но им е препорачано да не ги напуштаат домовите и да се подготват за можните афтершокови.

Репортерот на Reuters од Фукушима пренесе дека речиси цела минута се тресела неговата хотелска соба на 10-от кат. Маж од хотелот бил хоспитализиран откако паднал и удрил со главата во вратата.

Јапонската агенција Kyodo пренесува неофицијални информации за најмалку 30 настрадани во потресот, но се чини без посериозни повреди. Снимките на локалните телевизии прикажуваат скршени излози на многу продавници.

Речиси 950.000 домаќинства останале без снабдување со електрична енергија, изјави портпаролот на јапонската влада Катсунобу Като. Без струја главно останал североистокот на Јапонија, вклучутелно и Фукушина и соседните префектури.

Блиските нуклеарни централи „Фукушима Даичи“, „Даини“ и Кахивазаки-Карива“, работата без тешкотиите, соопшти операторот Tokyo Electric Power (TEPCO).

Земјотресот ја погоди Фукушима неколку седмици пред 10-годишнината од резорниот земјотрес од 11-ти март 2011 година, кога подземниот удар со магнитуда од 9,3 според Рихтер на североистокот од Јапонија предизвика масицно Цинами со ударен бран повисок од 11 метри кој ја донесе до најголемата светска нуклеарна криза во последниот четврт век. Тогаш во поплавите загинаа 18.500 луѓе.

Земјотресите се чести во Јапонија, една од сеизмички најактивните области на светот. На Јапонија отпаѓаат петтина од сите потреси во светот со магнитуда 6,0 по Рихтер или посилни.